Македонската кошаркарска репрезентација е сместена во шестиот шешир во ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2021 година кое ќе се одржи во четири земји Чешка, Грузија, Германија и Италија.  „Црвено жолтите“ во шестиот шешир се наоѓаат со Унгарија, Босна и Херцеговина и Холандија.

32 селекции ќе бидат поделени во осум групи и ќе играат во систем секој со секого дома-гости. Првата етапа од квалификациите предвидена е да се игра февруари следната година а втората во ноември месец. Квалификациите ќе завршат во февруари 2021 година.

Првите три тима од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации.Ждребот е закажан за в понеделник (22. јули) во Минхен.

OhridNews