Македонската кошаркарска репрезентација го направи можеби клучниот чекор кон Евробаскетот следната година совладувајќи ја Белорусија на гостински терен 81-70.
Репрезентативците покажаа одлична игра на дуелот со белорусите во текот на целиот натпревар. Им тргна шутот за три поени и од минута во минута го торпедираа кошот на домаќините.
Во четвртата рунда Македонија ќе се сретне со Белгија која ја совлада Данска со 71-50.
Мх.П.