Селекцијата составена од кошаркари кои доаѓат од домашниот шампионат со победа над Египет 74-67 тргна на медитерантските игри во Мерсин, Турција.

На избраниците на Марјан Србиноски им требаше дополнителни пет минути за да го покажат квалитетот и да ги прокнижат првите бодови во групата.

Во втората рунда медитеранската селекција ќе се сретне со Израел додека во последната следува дербито со домаќинот Турција.

Мх.П.