На генералното собрание во Охрид, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја официјализираше соработката со „Халкбанк“, која ќе биде генерален спонзор.

– Македонската кошаркарска репрезентација доби нов, лојален, и искрен партнер кој ќе ја поддржува во сите нејзини моменти и натпревари. Среќни сме што од сега па натаму, нашето име ќе биде присутно на дресовите од кошаркарските репрезентации-  изјави извршниот директор во „ХАЛКБАНК“, Неџдет Палакчи.  

Задоволството од постигнаиот договор истакна првиот човек на Македонската кошаркарска федерација, Даниел Димевски и на Палакчи му подари дрес од репрезентација со број десет на грбот.

 

Мх.П.