Македонската кошаркарска репрезентација во подготвителниот период за квалификациите на ЕП следната година ќе одигра три контролни натпревари во Охрид и тоа против Романија (16 јули), Грузија (17 јули) и Австрија (18 јули).

Натпреварите во Спортската арена „Билјанини Извори“ ќе бидат дел од еднонеделните подготовки кои избраниците на селекторот Александар Џикиќ ќе ги одбработат во Охрид.

Покрај трите контролни натпревари во Охрид кошаркарите ќе одиграат три во Скопје против Полска, Италија и Црна Гора, а подготовките ќе ги завршат со учество на екстра квалитениот турнир во Германија.

Селекцијата на Македонија во квалификациската група се наоѓа со Белгија, Данска и Белорусија, а походот кон ЕП ќе го започнат против „црвените ѓаволи“ на домашен терен.

Мх.П.