Српскиот кошаркарски стратег Александар Џикиќ ќе ја предводи македонската кошаркарска селекција на Евробаскетот, кој ќе се одржи во четири земји.
Џикиќ, минатата година преку квалификациите со крпен состав и без најдобрите ѕвезди во селекција успеа да обезбеди пласман на Европското првенство.
За престојниот континентален собир селекторот ќе оствари среби со поискусните кошаркари Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб, Ѓорги Чековски, Владо Илиевски и Предраг Самарџиски кои не беа дел од квалификациите.
Дел од подготовките за Евробаскетот македонската репрезентација ќе ги мине во Охрид. Селекцијата ќе биде дел од турнирот на кој ќе учествуваат уште Израел и Украина.
Ohridnews