Со разултат од 83:76 кошаркарите од ГКК Охрид ја совладаа екипата на КК Работнички. Падна на колена и КК Работнички 2018 во шестото коло од Втората Кошаркарска лига на домашен терен, велат од клубот.
Нашите играчи покажаа цврст карактер на тешкиот натпревар, истрајност и борба од самиот почеток до крај на натпреварот, додаваат.
На табелата Охрид се наоѓа на второто место со 11 бодови, исто колку што имаат и Вардар и Соколи.
Во следното седмо коло Охрид ќе ги одмери силите со тимот на МЗТ Скопје на 26 ноември.
OhridNews