Најдобрите македонски кошаркари од денеска се селат во Охрид и ги продолжуваат подготовките за квалификациите за Европското првенство во 2011-тата.


Селекторот Марин Докузовски располага со само дел од играчите од кои се очекува да го носат товарот низ августовскиот циклус во кој ќе се соочиме со Велика Британија, Босна и Херцеговина и Украина.