Кошаркарите на Охрид во недeла на домашен терен ја пречекуваат екипата на КК Соколи 1933 од Штип во првиот полуфинален натпревар од Втората кошаркарска лига.

Недела е денот за кој вреди да се биде во сала и да се поддржат нашите момци. Ве повикуваме во што поголем број да дојдете да ни дадете максимална поддршка која ни е повеќе од потребна, велат од клубот.

Натпреварот се игра во спортската сала Билјанини Извори со почеток во 15.00 часот.

OhridNews