Кошаркарите на Охрид во рамки на 9-то коло од Првата кошаркарска лига ќе играат со екипата на Феникс. И овој натпревар ќе биде со хуманитарен карактер информираат од клубот.
Средствата од продадените карти овој пат ќе бидат донирани за 22-годишниот Петар Попоски од Охрид кој боледува од ретка болест и потребна му е хируршка интервенција! Охриѓани да бидеме хумани како и секогаш и да му помогнеме на ова младо момче, велат од ГКК Охрид.
Натпреварот се игра во недела, 26 ноември, со почеток во 18 часот во салата „Билјанини извори“, а влезот е 100 денари.
OhridNews