Утре во рамките на 2-то коло од Првата кошаркарска лига кошаркарите на Охрид на домашен терен ја пречекуваат екипата на ФМП Академија.

Овој натпревар ќе биде од значаен придонес за сите кои ќе бидат присутни, бидејќи средствата од продадените карти ќе бидат донирани во хуманитарни цели кои ќе спасат нечии животи. Затоа ве повикуваме да дојдете и да уживате во Прволигашка кошарка повторно во Охрид после долги 5 години!Сите за ОХРИД, порачуваат од ГКК Охрид.

Натпреварот се игра со почеток во 18 часот во салата „Билјанини извори“. Цена на билетот за натпреварот е 100 денари.

OhridNews