Во 8 коло од Втората кошаркарска лига ГКК Охрид вчера во Скопје загуби од домаќинот Бутел 88:77.

По осум одиграни кола на табелата водат екипите на Ангели и Борец Баскет со по 14 бода, Охрид е шести со 12 бода.

Во следното коло кое на програмата е на 7 декември, кошаркарите на Охрид во салата „Билјанини извори“ ја пречекуваат екипата на Мега Баскет.

Г.М.