Кошаркарите на Охрид во рамките на 1-то коло од официјалниот старт на Првата кошаркарска лига на гостински терен против екипата на КК Вардар беа поразени со резултат 80-73.

Водевме три четвртини од натпреварот. Одигравме одличен натпревар. Прв стрелец на натпреварот беше Брајант Бернард со 38 поени, а одлично одиграа и Џаред Кимброу и Таулант Ибраими, но без поддршка од останатите играчи. Штета, но, не издржавме до крај да се носиме со позитивен резултат, вели спортскиот директор Марјан Бошалески.

Во следното 2 коло ГКК Охрид се среќава на домашен терен со екипата на КК ФМП.

OhridNews