Кошаркарите на Охрид денес го играат вториот натпревар од плеј-оф фазата во Втората кошаркарска лига на домашен терен со екипата на Работнички.

Охриѓани одличен термин да дојдете и да ни дадете максимална поддршка која ни е повеќе од потребна! Сите во сала за ОХРИД, велат од ГКК Охрид.

Натпреварот се игра со почеток во 17 часот во спортскиот центар „Билјанини извори“

Инаку, во првата рунда од плеј-оф фазата домаќинот Работнички беше подобар со 6 поени разлика односно натпреварот заврши со резултат 74:68.

OhridNews