Во финалето на Купот на Македонија што се одигра вечерва во Гевгелија, МЗТ Скопје Аеродром го совлада КК Кожув со 86-61 (42-27).

Клучната предност МЗТ ја направи уште во првото полувреме, а до крајот на мечот екипата од Аеродром не му дозволи на противникот да ја загрози победата.

За „штрковите“ ова е 13-ти трофеј во ова натпреварување.

Во женска конкуренција трофејот во Купот на Македонија го освоија кошаркарките на Вардар, совладувајќи ја во финалето екипата на Баскет Кам со 69:55 (36:23).

Г.М.