Основците од  ОУ „Христо Узунов“ денеска се дружеа со кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија МЗТ Скопје Аедодром, кои викендов ќе учествуваат на силниот меѓународен тиурнир „Охрид трофеј 2013“, кој попладнево започнува во спортската сала „Билјанини извори“.

Најмладите беа воодушевени од репрезентативците во составот на МЗТ со кои се фотографираа. Учениците добија автограми од играчите, а беа доделени и повеќе кошаркарски топки.

Целта на дружењето покрај забава, беше и да се развие спортската свест и спортската култура кај најмладите. 

Турнирот „Охрид трофеј 2013“ го отвараат Раднички Крагуевац и Лукоил Академик од Софија во 18 часот, а од 20.30 играат МЗТ Скопје Аеродром и Металац од Ваљево.

OhridNews