Турбелетниот период во македонската кошаркарска репрезентација заврши и во Охрид репрезентативците ќе одработат десетдневни подготовки. Селекторот на „црвено жолтите“ Александар Џикиќ на располагање има 15 кошаркари и тренираат во два термини.

– Како што ќе одминува времето така ќе го креваме темпото на тренинзи. Дел од играчите имаа тешки сезони затоа нема да брзаме со подготовките. Мило ми е што турбелетниот период заврши и можеме веќе да се фокусираме на репрезентацијата – потенцираше селекторот.

И кошаркарите се задоволни што токму Охрид во овој дел од годината е одбран за место на подготовките за престојните квалификации за Евробаскетот.

–  Тука е убаво, мирно и тивко она што може само да го посака секој спортист. Ќе минеме десет дена тука ќе одиграме и контролни натпревари и мислиме дека ќе имаме одлични подготовки – коментираат репрезентативците.

Кошаркарската експедиција во Охрид ќе одигра три пријателски натпревари и тоа против Романија (16 јули), Грузија (17 јули) и Австрија (18 јули).

Мх.П.