Кошаркарите на Македонија претрпеа пораз на гостувањето во Белгија 63-60 и ја прокоцкаа првата шанса за пласман на Европското првенство следната година.
Лошата игра во втората четвртина беше причина за првиот пораз на „црвено жолтите“ во квалификациите за Европското првенство.
Третиот и четвртиот период им припадна на избраниците на селекторот Александар Џикиќ, но немаа сила за целосен пресврт.
Во петтата рунда Македонија на домашен терен ќе се сретне со репрезентацијата на Данска.
Мх.П.