Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за Европското првенство кое ќе се одржи следната година во четири земји.
На подготовките не се појавија „старите волци“ односно Перо Антиќ, Ѓорги Чековски, Предраг Самарџиски и Димитар Мираковски и Марко Симоновски кој поради повреда не се оздва на повикот од селекторот Драган Раца.
– Ние им испративме повик на сите за кои мислиме дека можат да помогнат. Менаџерот на Антиќ контактираше со Федерацијата која, пак. оствари контакт со неговиот клуб. Знам дека менаџеорт на Антиќ испратил некакво писмо во Федерацијата. Значи оставивме тоа да го заврши Федерацијата. Разговарав со менаџерот на Самарџиски, тој не оствари никаков контакт, само усно преку некои пријатели разбравме дека тој има проблеми со некаква повреда. – рече селекторот на официјалната пресконференција.
На списокот повикани кошаркари не се најде ниту еден странец кој Македонија има право да го натурализира. – Во најтесниот избор го имавме Квинси Милер, но тој се повреди. Имавме контакт со разни играчи. Нам ни беше важно да видиме кои од македонските играчи ќе играат, па потоа да донесеме странец на позиција на која најмногу ќе ни биде потребен. За ден-два ќе знаеме кој странец ќе биде повикан. – додаде селекторот.
„Црвено жолтите“ речиси цели подготовки ќе ги одработат во Скопје каде ќе одиграат и контролни средби. Мал излет кошаркарските репрезентативци ќе имаат до Словенија каде ќе два пати ќе ги одмерат силите со „змајчеките“.
Во квалификациската група за Евробаскетот, Македонија се наоѓа со Унгарија, Луксембург и Велика Британија.
Фото: Екипа
OhridNews