Српскиот стратег Александар Џикиќ е пред договор со Кошаркарската федерација на Македонија за преземање на селекторската позиција во А селекцијата.


Џикиќ (42), кој моментално е тренер во екипата на Крка е најсериозен кандидат и ако двете страни најдат заеднички јазик, тој ќе биде новиот селектор.

Србинот ќе биде втор странски селектор во низа, претходно „шеф“ на кошаркарите беше Алеш Пипан, кој немаше среќна епизода на клупата од Македонија.

Ако КФМ се одлучи за Џикиќ, тој ќе нема ни малку лесна работа бидејќи треба да ја консолидира селекцијата по дебаклот на последното Европско првенстви и да ја подмлади по пензионирањето на Перо Антиќ, Владо Илиевски, Ѓорги Чековски и Тодор Гечевски.

Мх.П.