Нов скандал ја тресе српската кошарка, откако на натпревар во Ниш бил претепан еден од судиите. Скандалот се случил на мечот помеѓу ОКК Јавор и КК Бор, одигран во рамките на 13.коло во Првата машка регионална лига – Исток. Средбата е прекината откако гостинските кошаркари со тупаници нападнале еден од судиите, а потоа дури се обиделе и со столчиња да се пресметаат со него.
„Макфакс“