Кинескиот клуб Гуангжу Лунг Лајонс го суспендираше својот кошаркар Џанг Ксинглианг (20) затоа што ја шверцувал својата девојка во хотел во куфер за да преноќи со неа пред натпреварот против Кингдао. Девојката објавила фотографии од својата хотелска соба на кинеската социјална мрежа Веибо, како и една од неа набиена во мал црн куфер.

Скриншот Х

Таа подоцна ја избриша објавата, но веќе било доцна. Ксинглијанг тврдел дека ја зел со себе за да и помогне да учи и да си ги заврши домашните задачи, но тој изговор не бил доволен за неговиот клуб кој го суспендирал.

OhridNews