Кошаркарот на Црвена Ѕвезда, Огнен Кузмиќ се здоби со потешки повреди после сообраќајната несреќа која ја имаше со својот автомобил утрово во близина на Бања Лука. Поради сериозноста на повредите репрезентативецот на Србија во Белград беше префрлен со хеликоптер, а докторите изјавуаат дека не е во животна опасност.

  • Кузмиќ го примивме во бесвесна состојба со повреди на главата. Скршена му е вилицата и неколку коски од лицето, а има и повреди на градниот кош кој е набиен. Она што е добра во целата оваа ситуација е што нема крварање и нема скршеници на главните делови на главата и вратот. – изјавија за српските медиуми докторите од белградската болница.

Сведоци од местото на несреќата изјавија дека глетката била застрашувачка и оти автомобилот на Кузмиќ се превртувал повеќе од 150 метри. Во автомобил бил Кузмиќ и негов пријател кој се бори за живот.

OhridNews