Еден од неколкумината нови кошаркари во тимот на АВ Охрид, Данило Мијатовиќ со репрезентацијата на Србија стана европски шампион во баскет „три на три“.

Мијатовиќ и останатите репрезентативци во текот на турнирот во Унгарија беа најдобри и на крајот сосема заслужено се израдуваат на златниот медал. Во финалето, „орлите“ ја совладаа Франција (21-18) а во полуфиналето славеа против Литванија.

Искусниот кошаркар за неколку дена треба му се приклучи на охридскиот состав и заедно со кошаркарите да ги одработи преостанатите подготовки за почетокот на сезоната.

 

OhridNews