Победа над Израел во вечерашниот натпревар (почеток 20.30 часот, МТВ пренос), ќе ја одведе Македонија на завршница од Европското првенство за кошаркари во Шпанија, што почнува в понеделник. Триумфот против Босна и Херцеговина од 73-63 во средата, во местото Маон на островот Менорка, ја донесе нашата репрезентација на чекор од големиот успех и второ учество на ЕП во кошарка по дебитантскиот настап 1999 година.
Во вториот натпревар од бараж турнирот во Менорка репрезентативците на Израел ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина со 67:60.
Израел досега има 23 учества на ЕП, а најголем успех имаше во Торино 1979 кога беше втор. За последен пат Израелците играле на ЕП во 1991 година кога на завршницата учествуваа само 8 репрезентации. Ако го совладаме Израел, ќе играме на ЕП и во првото коло в понеделник во Гранада ќе се сретнеме со европскиот шампион, Грција.
М. Постолоски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com