Кошаркарите на Работнички ја забележаа петтата победа во Првата лига, откако вечерва во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, го совладаа домаќинот КК АВ Охрид 53:71.
Работнички ја доби првата четвртина во која двете екипи се изнапромашуваа, со 10:13, а втората со. 9:21. Третата четвртина им припадна на охриѓани кои ја добија со 22:18, а последната повторно им припадна на гостите 12:19.
Најефикасни кај Работнички беа Чекоски со 18 поени, Мишановиќ 16 и капитенот Миракоски со 12 поени. Кај охриѓани најпрецизен беше капитенот Михајловски и центарот Василиќ кој постигна 12 поени.
Вљубениците на кошарката мечот можат да го проследат во живо на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
Кошаркарите на Работнички со максимален учинок после пет мечеви и се првопласирани на табелата, додека „галебите“ имаат една победа и четири порази.
Покрај овој дуел во петтата рунда се играат уште мечевите Кожуф – Вардар, Фени Индустри – Куманово и Пелистер – Струмица.
OhridNews