Босанците немаа одговор за македонското трио Стефанов – Илиевски – Вилкинсон кои искомбинираа 50 поени. Најпрецизен беше капитенот Врбица Стефанов со 18 постигнати поени, притоа погоди тројка од преку центар на крајот од првото полувреме. Голем придонес даде натурализираниот Македонец Мајкл Вилкинсон, кој постигна 17 кошеви, 12 скока и 3 асистенции. Трет на листата најдобри стрелци на натпреварот беше Владо Илиевски со 15 постигнати поени.
Утре репрезентацијата на БиХ ќе се сретне со селекцијата на Израел, а турнирот завршува в петок, кога нашата репрезентација ќе ги одмери силите со Израел.
Се` е во наши раце со победа против Израел, нашите најдобри кошаркари ќе обезбедат само второто учество на Европските првенства.