Мајсторката во полуфиналната серија од плеј-офот во Втората кошаркарска лига, што се игра денеска во спортската сала „Билјанини извори“, помеѓу ГКК Охрид и Соколи Штип, ќе го даде новиот прволигаш

Серијата прв до два е израмнета. Охрид славеше во првиот натпревар, а Соколи во вториот, по што победникот ќе се решава во мајсторка

.

Домашниот тим со доза оптимизам влегува во мечот и ги повикува охриѓани да дојдат во што поголем број на натпреварот и да им помогнат на кошаркарите на Охрид да ја остварат големата цел.

Натпреварот се игра со почеток во 17:00 часот.

Г.М.