Согласно годишната Програма за реконструкција и одржување  на патиштата и улици на подрачјето на општината за која се издвоени преку 25 милиони денари, во 2009 година ќе бидат реконструирани голем број улици, соопшти локалната самоуправа.

Деновиве, како што информираат оттаму, во тек се градежни работи за поплочување на улиците во с. Косел со што оваа населба ќе добие нов модерен лик. За оваа намена, од буџетот на општината биле издвоени околу 1 милион денари.

Ohridnews