Задолжителни средби помеѓу градоначалникот и граѓаните и воведување на дигитални алатки за побрза и полесна комуникација на жителите со Oпштината и Советот , најави на денешната прес-конференција кандидатот за советник од Коалицијата „Најдоброто за Охрид“ проф. Д-р Деса Косаркоска.

Во наредниот четиригодишен мандат ќе бидеме уште поблиску до граѓаните, воведуваме задолжителни средби секоја последна сабота во месецот со граѓаните, воведуваме систем на побрза и полесна комуникација со градоначалникот и Советот на општината преку дигитални системи и алатки како и преку социјалните мрежи, воведуваме современа дигитализација која е средство за забрзана трансформација на администрацијата која е пак јавна , отчетна и ефикасна и ги поттикнува граѓаните да учествуваат во процесите на планирање и одлучување, истакна Косаркоска.

Дигитализацијата се однесува на поодговорна комуникација со граѓаните и достапност на документите во дигитална форма

Ги унапредуваме проектите „Пријави проблем“ , и „Ваш реонски општинар “ преку кој граѓаните може да пријават проблеми или да се обратат за било каква потреба во општината, воведуваме современ систем на поголема онлајн достапност до сите информации и документи и го зголемуваме бројот на дигитални општински услуги, додаде Косаркоска.

Таа додаде дека со овој модел на работа ќе обезбедат услови за вклучување на засегнатите граѓани во сите релевантни теми во локалниот развој и имплементација на локалните политики.

 

К.А.