Кафе, чај, вода и безалкохолни пијалоци во неограничени количини се дозволени за шахистите за време на одигрувањето на натпреварите од купот во Охрид. Покрај дозволенето озвежување за време на мечевите шахистите може слободно да се “корзираат“ и да се рашетаат низ салата како и да погледаат како играат нивните сопернички.

И тие се живи луѓе и сакаат да станат и да се прошетаат, единствено што не е дозволено е  да разговараат и да пијат алкохол. –  велат судиите на натпреварите.

Не често ваквите “шетања“ на големите натпревари предизвикувале скандали и откажување од натпревари, досега во Охрид вакви провокации нема и се е во рамките на фер плејот.

М.П.