Справувањето со корупцијата и понатаму е еден од најголемите проблеми во Македонија, а новинарите во изминатиот период во антикорупциската битка помогнаа во обелоденувањето на многу матни ситуации кои се потврдија како чиснта корупција.

Неопходно е подигање на свеста на јавната администрација во поглед на транспарентностан кон медиумите, но и што поголемо ангажирање на новинарите во истражувачкото новинарство, а не како што е случај сега, преголема преокупираност со дневно-политички настани.

Ова се дел од пораките од дводневната конференција на тема „Улогата на новинарите – истражувачи во борбата против корупцијата, резултати, предизвици и ограничувања“, што се одржува во Охрид, во органзиација на Македонскиот институт за медиуми.


корупцијата е најголемиот проблем на Македонија-новинарите во Охрид

Учесниците на конференцијата ја истакнаа неопходноста од подобрување на механизмите на меѓусебна комуникација и размена на информации меѓу јавната администрација и медиумите, но исто така и поголема транспарентност на јавната администрација и отчетност за она што е направено и сработено.Недозволиво е, беше порачано, на укажаните примери на корупција, предметите да се заглавуваат во долгите временски и други судски лавиринти.

Шеесетина новинари и претставници на државните и на јавните институции во Охрид дебатират за искуствата и проблемите со кои се соочуваат новинарите и медиумите кога известуваат за случаи на корупција; комуникацијата со изворите на информации,особено со институциите на државата; користењето на аудиовизуелен материјал направен од страна на медиумите како доказ во постапки против новинари пред суд, како и одговорноста на медиумите и на државните органи при емитување снимен материјал од  истражни акции на органите  за безбедност. Конференцијата завршува денеска.