Претседателот на Комисијата за спречување на корупција, Илми Селами, вели дека борбата против корупцијата спласнува.
– Корупција има во сите фази од одлучувањето, во изготвувањето на деталните и генералните урбанистички планови, во издавањето градежни дозволи, се толерираат нелегалните градби и се дозволува нивно влегување во деталните урбанистички планови, градежната инспекција не функционира таму каде што треба“, смета Селами.
Според него треба да се алармираат сите надлежни органи и да бидат поагилни во борбата против корупцијата.
– Треба да се алармираат сите надлежни органи да бидат агилни во борбата против корупцијата во урбанизмот и градежништвото која се зголемува со пренесувањето на надлежностите во оваа област под локалната власт“, изјави Селами.