Кортни Лав планира да сними филм за животот на нејзиниот покоен сопруг Курт Кобејн,пејачот на групата Нирвана, кој се самоуби пред 18 години.
Сем Лутфи, кој тврди дека е нејзин соработник, вели дека Кортни моментално работи на потенцијален мјузикл темелен на песните на Нирвана и нејзиниот живот со Курт.
Извор близок на Кортни ги потврдил плановите за филмот, и вели дека таа тоа го планирала одамна. Меѓутоа додава и дека идејата никогаш не се остварила, бидејќи таа никогаш не презела сериозни чекори.