Актерката Кортни Лав, некогашната сопруга на починатиот фронтмен на групата Нирвана, одлучила да напише автобиографија. Вдовицата на Курт Кобејн, како што најавила, ќе пишува за својот бенд „Хол“, своите улоги во филмовите и за својот живот со Кобејн.
Лав во книгата ќе го опише и својот љубовен живот со пејачот на групата „Smushing Pumpkins“, Били Корган и со актерот Едвард Нортон. Се очекува нејзината автобиографија во продажба да се појави кон крајот на 2012 година. Групата „Хол“ минатата година го издала четвртиот студиски албум и се нашла на американската листа на топ 20 најслушани албуми.