Контраверзната пејачка Кортни Лав посегнала по помалку бизарно помагало во желбата што подолго да ја сочува својата убавина. За да го забави процесот на стареење, таа наводно земала Генотропин, човечки хормон за раст кој би можел да биде главниот виновник за нејзиното нагло слабеење.


Се зборува дека во еден хотел во Лос Анџелес го заборавила кутивчето со хормони, за што нејзиниот портпарол изјавил дека е можно да станува збор за хормони, но дека таа не била свесна дека ги користи истите.