Пејачката Кортни Лав планира да сними филм за својот поранешен сопруг Курт Кобејн. Сопругата на покојниот музичар одлучила да продуцира филм во кој ќе го прикаже својот живот со пејачот на групата „Нирвана“ кој се убил пред 18 години.

Иако не е потврдено, филмот би требало да го работи со Сем Лафити, а постои можност и да биде прикажан на Бродвеј. Пријателите на вдовицата на покојниот музичар велат дека таа одамна сака да ја покаже својата страна на приказната, но досега не презела ниту еден сериозен чекор.