Кортни Лав поради своите чести испади во јавноста ги изгубила правата на името, ликот и делото на покојниот сопруг Курт Кобејн. Кортни Лав се откажала од позицијата управен менаџер во фирмата “End of Music LLC.”, која управува со наследството на Курт уште пред две години, но затоа позајмила 2,75 милиони долари од фондот на својата ќерка.
Адвокатите тврдат дека вдовицата нема да добие ниту долар од музиката на Кобејн се додека не ги врати сите пари кои ги зела. Се претпоставува дека ова уште повеќе ќе ја оддалечи мајката од нејзината ќерка Френсис Бин, со која и без тоа е во лоши односи. Френсис пред три години успеала да се тргне од мајката откако на суд рекла дека нејзината мајка користи дрога, алкохол и има два мртви домашни миленици.