Кортни Лав изјавила дека била пијана, а освен што испила многу алкохол претходно зела и доста антидепресиви, па новинарот Ерик Вилсон имал можност да ја види во најлошо можно издание. Додала дека едноставно тоа не била таа.
Новинарот на Њујорк Тајмс го дочекала пијана во хотелската соба, а за време на интервјуто била потполно гола бидејќи пред неговото доаѓање не успеала да се облече. Се извинила за своето однесување кое го нарекла диво и неприкладно за едно интервју. Му испратила СМС во која му напишала дека се срами за своето однесување.