Сите знаци покажуват дека актерката Кортни Кокс и нејзиното момче, гитаристот на бендот „Snow Patrol“, Џони Мекдејд, наскоро ќе разменат брачни завети. Имено, убавата актерка е фотографирана со голем дијамантски прстен на левата рака, а извор близок на парот рекол дека венчавката ќе се одржи наскоро, како и дека парот веќе разговара за деца. Според медиумите, парот се верил за време на Велигденските празници.

Кортни и Џони се во врска од декември минатата година, а многу брзо започнале и заеднички живот. Заслужен за нивната врска е нивниот заеднички пријател, пејачот Ед Ширан. Тој неодамна изјавил дека тие веќе живеат заедно и дека врската многу брзо напредува. Биле многу среќни.