Познатата актерка Кортни Кокс која има 49 години ужива во новата љубовна врска со дванаесет години помладиот ирски музичар Џони Мекдед. Складниот пар до неодамна ја криел својата љубов, но неодамна заедно биле на забава на Џенифер Анистон, кумата на Кортни Кокс.
Тие двајца стигнале со ист автомобил, а според зборовите на присутните, цела вечер биле неразделни и цело време се држеле за рака. Анистон и оваа година во својата раскошна вила на Бел Ер организирала забава по повод претстојните празници. Тоа била одлична прилика не едно место да ги собере сите пријатели, а Кортни како редовен гостин не сакала да дојде без новиот партнер. Инаку, Мекдед е музичар со потекло од Ирска кој последниве години живее во Лос Анџелес, каде и се запознал со убавата актерка. Тие двајца засега не откриваат детали од романсата, но според нивните насмевки, може да се заклучи дека се многу среќни и дека одлично се согласуваат.