Американската актерка Кортни Кокс јавно проговорила за тешкиот процес на закрепнување од разводот. Таа тврдела дека живеела во целибат од октомври 2010 година, кога го прекинала 11 години долгиот брак со колегата Дејвид Аркет. Таа исто така рекла дека оттогаш само еднаш излегла со друг маж. На прашањето дали тоа бил некој од серијата, алудирајќи на колегата Џош Хопкинс со кој глуми во серијата “Cougar Town”, Кортни останала тајновита и кратко одговорила со можеби.

Рекла дека мажите ретко ја канат на состанок. Според неа, била спремна за такви излегувања, но истите на правеле многу нервозна. И додека многумина ја советуваат дека мора да продолжи со нормалниот живот, Кортни одговарала дека раните од разводот со сопругот сеуште и биле свежи. Нејзиниот седум години помлад поранешен сопруг пронашол нова љубов со Кристина Мекларти.