Риалити ѕвездата објави провокативна фотографија на својот Инстаграм профил, а со денови пред тоа беше на работ на нервен слом поради раскинувањето со Скот Дисик, кој веќе најде нова девојка. Кортни разделувањето со таткото на своите три деца го поднесе многу тешко.

 

И додека папараците го фотографираат во друштво на многу помлади девојки, Кортни одлучи да привлече внимание со провокативни фотографии, кои ги направи за списанието “Vanity Fair”. Новите сцени од шоуто „Keeping up with the Kardashians“ покажуваат дека Кортни сеуште не може да го преболи раскинувањето со Скот. Од друга страна, тој очигледно не тагува поради раскинувањето и веќе најде замена за Кортни. Странските медиуми пишуваат дека е во врска со манекенката Линдси Врковник која има 18 години и е двојно помлада од Кортни.