Кортни Кардашиан, сестрата на реалити ѕвездата Ким Кардашиан, го добила своето второ дете во Лос Анџелес. Кортни и нејзиниот вереник Скот, одлучиле девојчето да го викаат Пенелоп Скотланд. Ова е второ дете на парот, кој веќе го има двегодишниот син Мејсон.
“Пенелопе е многу слатка и многу личи на својот брат. Кортни се породи по природен пат, а породувањето помина во најдобар ред“, изјавила нејзината мајка Крис Џенер за новинарите.