Кортни Кардашиан конечно одлучи да каже дека е доста и да го остави својот долгогодишен партнер Скот Дисик со кој има три деца. Скот, се чини, во последно време го изгуби компасот и едноставно не можеше да престане со лудите забави. Таа извесно време го толерирала, но се чини дека навистина и дошло преку глава.
Дисик во Кан бил уловен во многу блиски односи со својата поранешна девојка Клои Бартоли. Наводно им кажувал на луѓето дека повеќе не е во врска и дека е слободен. Иако е татко на три деца, тој месец дена не се вратил дома така да нејзината одлука да ја прекине врската е потполно разбирлива. Но факт е исто така и дека славниот пар има многу проблеми, заедно одеа на терапија, а и Скот се бореше со депресијата и зависностит после смртта на родителие, додека Кортни се посвети на децата и работата.