Охридскиот кошаркарски клуб во пресрет на натпреварот со Кожув во 13-та рунда од рамките во Првата лига се засили со Кајлен Шејн.


Корпулетниот американски кошаркар висок 208 сантиментри и тежок 129 килограми дејствува на центарската позиција и ќе биде засилување за „галебите“ во рекетот.


Кајлен Шејн во АВ Охрид се пресели од мексиканскиот клуб Индиос, а претходно настапуваше во Европа во тимот на Динамо од Букурешт. 23-годишниот кошаркар во 2016 година се најде на поширокиот список за драфт во НБА, но не го помина последниот рез.


Шејн е второ засилување за кратко време меѓу „галебите“, откако пред десеттина дена ја официјализираа соработката со Девин Брукс кој имаше импресивен настап против Фени Индустри во Купот на Македонија.


Шанса за деби Шејн во охридскиот дрес ќе има против Кожув во мечот кој ќе се одигра в сабота со почеток во 18 часот.

Мх.П.