Пак во вода. Грда слика за минувачи…
…и капачи
Ахмед и Фикрие се братучеди што секој ден тука се капат (живеат блиску) бидејќи и кејот е некој вид плажа. Ги прашувам „сериозно“ дали виделе кој ја фрлил корпата во вода?! – Не чичко, ама ако видиме одма ќе ти кажиме, покажуваат завидно ниво на еколошка свест. Потоа почнуваат да демонстрираат скокови во вода.
Во тек е нашата еко-акција „Да ги заштитиме плажите од цврст отпад“. За Кејот може да преформулираме – Да ги заштитиме корпите за отпад од ЦВРСТ ЧОВЕЧКИ ОТПАД.
Спаско Костоски