Коронавирусот ја потврди опасноста одземајќи нов живот на спортските терени. Најновиот смртен случај доаѓа од Иран, каде почина тренерот во фудбал и футсал, Ахмад Тахери.
53-годишниот фудбалски работник починал вчера вечерта после не успешната битка со коронавирусот (Ковид-19). Медиумите од Иран јавуваат дека имунитетот на Тахери бил многу слаб бидејќи само пред четири месеци бил опериран од тумор на мозокот.
Тахери во текот на тренеската кариера водел многу фудбалски и футсал клубови во Иран. Еден период бил директор на футсал репрезентацијата на Иран.
Вчера, во Шпанија потврден беше смртен случај на фудбалски тренер од Атлетико Портада на само 21 година. Тренерот во екипата имал проблеми со леукемија, а заразувањето со коронавирусот било фатално во борбата со тешка болест.
OhridNews