Кина соопшти дека прв пат од 19 февруари нема нови смртни случаи предизвикани од Ковид 19, а градот Вухан, изворот на пандемијата се подготвува за укинување на карантинот. Во покраината Хубеи и главниот град Вухан нема нови локално пренесени случаи, соопшти националната служба за здравство.

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој е позитивен на Ковид 19, ноќта ја мина на интензивна нега, откако неговата здравствена состојба во текот на вчерашниот ден значително се влошила. Неговата состојба е непроменета информираа утрово британските медиуми.

Бројот на починати во САД надмина 10.000. Повеќе смртни случаи до сега има само во Италија (16.523) и Шпанија (13.055). Бројот на заразени, пак, во Сад надмина 350.000, од кои 130.000 само во Њујорк, каде до сега се регистрирани 4750 смртни случаи.

Во светот од коронавирусот Ковид 19 до сега се заразени 1,28 милиони луѓе, 271.000 ја победиле болеста, а 71.000 починале.

OhridNews