Сите погледи на спортистите се насочени кон докторите кои водат жестока битка со опасниот коронавирус (Ковид -19). Спортистите во своите домови тренираат и ја одржуваат својата форма, но не забораваат да испратат порака за почитување на изречени мерки и препораки да се остане дома.
Порака од Новак Ѓоковиќ
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги повика сите луѓе кои немаат потреба да не излегуваат од своите домови и така ќе бидат најголема помош и поддршака на докторите. Ѓоковиќ додаде дека карантинот и седењето со најблиските е вистинско време за уживање бидејќи поради личните обврски често се занемаруваат семејствата.
Олимпискиот шампион се бори со коронавирусот
Јужноафричкиот пливач Камерон ван дер Бург потври дека е заразен со коронавурисот и откри како се бори против него. – Ова е најлош вирус со кој сум се соочил. И иако сум здрав, млад и имам моќна плуќа се соочувам со проблеми поради вирусот. Брзо, после најобични физички активности се уморувам, а кашлицата со саати не престанува. Престанав да тренирам, седам сам в соба и посетувам доктор секојдневно за следење на ситуацијата. – изјави Олимпискиот првак од игрите во Лондон.
Пливачот Камерон ван дер Берг.
Олимписките комитети од САД и Канада официјално поднесоа барање од Меѓународниот олимписки комитет за одложување на Олимписките игри во Токио. Игрите во јапонскиот град треба да се одржат годинава крајот на јули и почетокот на август месец.
OhridNews